| четврток, 6 декември 2018 |

Инетрвјуто се претвори во предлог за брак, Леонардо ја побара за жена атрактивната водителка (видео)

Поранешниот бразилски ас Леонардо, сега спортски директор на Пари Сен Жермен, го искористи интервјуто на ТВ „Скај Италија“ за да ја запроси својата девојка Ана Било. Атрактивната водителка му постави прашање на Леонардо, што мисли за денешната ждрепка во ЛШ, по која ПСЖ ја доби Барселона за противник, а доби неочекуван одговор.

– Ана, дали ќе се омажиш со мене. Одговори ми веднаш, те молам. Не е толку тешко – возврати Леонардо.  Тој и Било имаат син и подолго време се во врска. Водителката прибрано одговори со: „ОК, ќе видиме“ не давајќи конкретен одговор, а потоа со насмевка на лицето додаде: „ Изгледа полуде“, мислејќи на Леонардо. Поглeднете го видеото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top