| четврток, 6 декември 2018 |

ФБИ уапси руски шпион во Њујорк

фби

Американското Федерално истражно биро денеска објави дека во Њујорк е уапсен маж под сомнение за шпионажа во корист на Русија.

Евгениј Бурјаков позната како „Жења“ утрово бил приведен во Бронкс. Тој се претставувал како службеник во руска банка. Двајца негови соучесници, кои имале дипломатски имунитет, ги напуштиле САД.

Федералното обвинителство соопшти дека соучесници на Бурјаков биле рускиот трговскиот претставник Игор Споришев и аташето во руската мисија во Обединети нации Виктор Подобниј.

Групата дејствувала од 2012 година и собирала економски информации и врбувала жители на Њујорк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top