Малото беспилотно летало, кое денеска се урна на јужната ограда на територијата на Белата куќа, било управувано од владин службеник, кој изгубил контрола врз дронот, објави „Њујорк тајмс“.
Весникот наведува дека тој не работел во Белата куќа. Тој пред претставници на тајната служба изјавил дека си играл со дронот, но оти изгубил контрола врз леталото, кое навлегло во безбедносниот периметар на Белата куќа.
Претставник на тајната служба претходно изјави дека забележал беспилотно летало од 60 сантиметри, кое летало на мала височина на територијата на Белата куќа и се урнало во југоисточниот дел.
– Веднаш беше прогласена тревога и комплексот беше блокиран додека не беше разгледано и отстрането беспилотното летало – истакна претставник на тајната служба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.