
Чешкиот претседател Милош Земан во врска со резултатите од изборите во Грција во кои победи левичарската Сириза, која поддржува ублажување на мерките за штедење, смета дека долговите треба да се платат, иако нема намера да се меша во внатрешните работи на земјата, пренесе неговиот портпарол Јиржи Овчачек.
Според Бохуслав Соботка, премиерот на чешката Влада, новиот грчки министерски Кабинет сега има одговорност да ги исполни ветувањата кон гласачите, истовремено почитувајќи ги параметрите на меѓународниот план за спас на земјата, пренесе дописникот на МИА од Прага.
За шефот на чешката дипломатија Лубомир Заоралек и покрај радикалните ставови на Сириза за време на изборната кампања, дека победничката коалиција сака Грција да остане во еврозоната и во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


