| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ си закажа дуел со Раониќ

Новак Ѓоковиќ успеа да се справи со одличниот сервер од Луксембург, Жил Милер, победи со 3-0 и си закажа четврт-финален спектакл со Милош Раониќ.

Во сите три сета Милер добро се држеше до финишот, но потклекна на трипати во клучните моменти. Со 6-4, 7-5, 7-5 Новак забележи нов триумф на Отвореното првенство на Австралија, а и следниот противник е од сличен калибар. И Раониќ има стравотен сервис, против Фелисијано Лопес забележи 30 директни поени од сервис и ќе биде тежок ривал за победување во четврт-финалето.

BNP Paribas 2014 Masters Tennis Tournament

Покрај овој дуел за полуфинале меѓусебе ќе играат и Вавринка и Нишикори, Бердих против Надал и Мареј со Кирјос. И кај дамите ќе биде интересно, а дерби во четврт-финалните пресметки е дуелот меѓу Бушар и Шарапова. Серена Вилијамс ќе игра против Цибулкова, нејзината сестра Венус ќе ги одмери силите со Кијс, а Макарова и Халеп ќе одлучат за едно место во полуфиналето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top