| четврток, 6 декември 2018 |

Њујорк ја очекува најголемата бура во историјата, ќе има снег и до еден метар

ny-winter-snow-usa-800x1280

Потенцијално опасната бура која им се заканува на САД може да донесе  и до 100 сантиметри снег на североисточниот брег. Подрачјето што може да биде погодено од бурата се простора од Њу Џерси до Мајн на север. Предупредувањето за снежната бура се однесува на 400 километри долгиот брег и ги вклучува Њујорк и Бостон.

Метеоролозите предвидуваат големи снежни наноси, силен ветер, дури и поплави. Времето би требало да се стабилизира во средина на оваа седмица. Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, изјави дека граѓаните не смеат да ја потценат снежната бура.

– Ова може да биде најголема бура во историјата на нашиот град. Нѐ очекува снег во висина до еден метар. Приспособете се на состојбата и откажете ги патувањата што е можно обрзо – им препорача градоначалникот на Њујорк.

За Бостон се најавени врнежи од снег до 60 сантиметри, а метеоролозите очекуваат дека и Филаделфија ќе ја зафати овој бран.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top