Германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговараше со претседателот на Русија, Владимир Путин, при што повторно инсистираше за решавање на конфликтот во источна Украина, соопшти службата за односи со јавноста на германската Влада.
Како што јави ДПА, Меркел во разговорот со Путин ја нагласила потребата од избегнување ново заострување на ситуацијата и ја повикала Русија да го искористи своето влијаение врз сепаратистите.
Меркел претходно разговараше и со францускот претседател Фрасоа Оланд и со украинскиот петседател Петро Порошенко изразувајќи загриженост поради влошувањето на ситуацијата во југоисточна Украина и кршењето на спгоодбата од Минск.
Во телефонскиот разговор со Порошенко Меркел изрази сочувство за жртвите во престрелката во Мариупољ, во која загинаа најмалку 30 цивили, а сто беа ранети.
Таа нападот го означи како јавно нарушување на договорениот прекин на огнот, кое со ништо не може да се оправда.
Меркел нагласи дека е потребно да се направи сè за мирно решавање на ситуацијата и за исполнување на договорот од Минск, склучен во септември.
Киев и проруските сили меѓусебно се обвинуваат за нападот во Мариупољ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.