| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите се радуваа како мали деца, а сепак го победија само Бразил со еден разлика

Еден од главните фаворити за освојување на медал на светското ракометно првенство во Катар, репрезентацијата на Хрватска едвај со многу мака успеа да го победи Бразил во осминафиналето со само еден гол разлика 26-25.

Бразилците можат само да жалат што не успеаја да му го скинат скалопот на големиот фаворит бидејќи ја имаа играта и резултат во првото полувреме по кое заминаа на пауза со два гола предност (15-13). Во вториот дел Хрватска заигра поангажирана одбрана и не му дозволи на противникот дури седум минути да постигне гол и со четирите гола направи целосен пресврт. По тоа бразилците се вратија во игра а на осум минути до крајот дури имаа и предност од еден гол.

Qatar 2015 M63 CRO vs BRA

Сепак вардаровиот играч Игор Карачиќ одигра дрско на бразилската брза одбрана и постигна три гола во низа и се чину тоа беше клучен момент за победата.
Копљар беше најефикасен во таборот на Хрватите со пет гола, пред Штрлек и Дувњак со по четири и Карачиќ и Чупиќ со по три гола.

Qatar 2015 M62 ESP vs TUN

Шпанија немаше проблеми како Хрватите, па актуелниот светски првак го демолираше Тунис со 28-20. „Црвената фурија“ сите дилеми ги разреши уште во првото полувреме, кога дојде до предност од 18-9, што рутински ја задржа се до самиот крај на натпреварот. Угалде беше прв стрелец на Шпанците со шест погодоци, пред Виктор Томас со четири постигнати гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top