| четврток, 6 декември 2018 |

Кире Лазаров: Загубивме, но не застануваме тука, да живее Македонија

По загубениот натпревар од Словенија со 30-28 на овој мундијал ги загубивме шансите за квалификации на Олимписките игри во Рио, но Македонија ќе има уште една шанса на ЕП во Полска следната година. Капитенот на Македонија Кире Лазаров веднаш по натпреварот разбирливо му беше многу тешко да го анализира натпреварот, но смогна сили и даде свое видување за мечот со Словенија.

– Не постои ниту најмал сомнеж дека сакавме да победиме и да обезбедиме пласман во квалификациите за ЛОИ во Рио де Жанеиро. Но, ете, доживеавме пораз. Ова се такви мечеви, да се биде или не, нема поправен. Најлошо е тоа што тие водеа во сите 60 минути, ние ги бркавме и се истрошивме, тоа беше можеби одлучувачко. Нема срамење, загубивме од една екстра квалитетна репрезентација, четврта од последното СП. Имаше тука и среќа, несреќа, промашени зицери, седмерци, Шкоф одбрани неколку неверојатни шутеви, а нашите голмани имаа топки во раце, па тие завршуваа во голот. Можеби навистина среќата ни го заврши грбот. Навистина е штета, одлучувачки натпревар е одлучувачки натпревар, ние едноставно го немавме тој ден. Не треба да се жали и не треба да се предаваме – главите горе! Да живее Македонија – изјави Кире Лазаров по натпреварот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top