Во осминафиналето од светското првенство во Катар во натпревар кој значеше и пласман во квалификациите за Олимпијадата во Рио де Женеиро 2016 година, Македонија сосема заслужено загуби од Словенија со 28-30.
Овој натпревар се чини дека беше најслабиот за избраниците на Ивица Обрван на ова светско првенство.
Сите од македонскиот табор знаеја дека овој натпревар ќе биде најтежок досега, со многу комбинаторики, груба игра со многу исклучувања и со голема доза на среќа.
Денеска Македонија не загуби од подобра противник туку од посреќен. Во текот на целиот натпревар словенците беа на чекор пред нас со еден, два гола предност, но среќата ни го заврте грбот кога направивме завршен притисок во самиот финиш, промашивме пенал, но и три пати ја погодивме конструкцијата од голот.
Ветеранот на голот на словенците Горазд Шкоф го одигра целиот натпревар и беше клучен за својата репрезентација успевајќи да одбрани дури четири седмерци и со право беше прогласен за играч на натпреваро, а мечот го заврши со 14 одбрани.
Нашите голмани Борко Ристовски и Петар Ангелов немаа свој ден и заедно двајцата имаа осум одбрани и не успеаја да ги спречат ударите на Гајиќ, Скубе, Доленц. Гајиќ беше најефикасен со девет гола.
Во нашиот табор Кире Лазаров и Гоце Георгиевски постигнаа по седум гола, а Стојанче Стоилов и Дејан Манасков дадоа пет.
Македонија тука го заврши настапот на мундијалот, додека Словенија оди во четвртфиналето на подобриот од натпреварот меѓу Франција и Аргентина.
Во вториот осминафинален натпревар во терминот од 16.30 часот, домаќинот Катар со целосен пресврт во вториот дел успеа заслужено да забелжи победа со 29-27 над репрезентацијата на Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.