Почнува екстерното тестирање за учениците во завршните години, трета и четврта во средните училишта во Македонија. Екстерната проверка на постигнувањата на знаењата на учениците ќе се спроведе од 26 до 20 јануари.
Објавени се прашатата, вкупно 50.400 прашања на македонски, албански и турски јазик, коишто ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети.
Во оваа фаза, со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците, ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2.2.2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.