Радикалите на пролет ќе почнат со протести против актуелната власт, најави синоќа во Чачак лидерот на Српската радикална партија (СРС) Воислав Шешељ.
– Чекаме пролет, се да раззелени и почнуваме со митинзи. Оваа власт нема да издржи уште долго бидејќи пука по сите шавови, па очекуваме избори до крајот на годинава, истакна Шешељ.
Тој нагласи дека почнало обновување и консолидирање на редовите во партијата по неговото враќање од Хаг.
– На Вучиќ и Николиќ им истече рокот на употреба, што се гледа и од изјавите на западните дипломати и пишувањето на странските медиуми. Трпат притисоци во врска со заокружувањето на независноста на Косово, а кога ќе заврши тоа ќе бидат пуштени низ вода, оцени лидерот на српските радикали.
Тој се осврна и на можната соработка со други патриотски партии, додавајќи дека СРС е отворена за постизборна коалиција со сите оние кои се против членство на Србија во ЕУ.
– Иднината на Србија е во силните врски со Русија, формирање на единствен пазар, царинска унија и одбранбен систем со оваа земја, истакна Шешељ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.