| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ пушташе песни за Трамп во собрание

Шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Мајкл Девенпорт, не можеше денеска повеќе од два часа да почне со презентирањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Србија, бидејќи претставниците на радикалите не сакаа да го разгледуваат материјалот на англиски јазик, а и затоа што на евроамбасадорот му го оспоруваат „ЕУ легитимитетот“, пишува српски „Курир“.

Сепак, сите очи беа свртени кон лидерот на радикалите, кој на својот мобилен телефон му посветуваше песни на Трамп.

„Девенпорт, дали слушаш? Дај ми го твојот телефонски број, што се плашиш? Па, нема да те вознемирувам, само песна да ти испратам – му рече лидерот на радикалите и пратеник на Српската радиканлна странка, Воислав Шешељ, на шефот на делегацијата на ЕУ, по што од својот мобилен телефон во собраниската сала пушташе песни на српски јазик за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top