| четврток, 6 декември 2018 |

Орешковиќ: Ако влезе во Хрватска, Шешељ ќе биде уапсен

597603_seselj-tanjug_f

Техничкиот хрватски премиер Тихомир Орешковиќ изјави денеска дека лидерот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, ќе биде уапсен ако се обиде да дојде во Хрватска. ­

– Воислав Шешељ во Хрватска е персона нон грата. Не е добредојден овде. Ако сепак дојде, ќе биде уапсен, изјави Орешковиќ.

Лидерот на СРС претходно денеска изјави дека добил дипломатски пасош, и дека во план му е прво да го посети Загреб и да се сретне со хрватскиот претседател, Колинда Грабар Китаровиќ. ­

– Вистина е дека добив дипломатски пасоши. Јас го добивам на основа на тоа сум лидер на опозицијата, шеф на најголемата група пратеници од опозицијата во српското Собрание, изјави Шешељ за Танјуг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top