| четврток, 6 декември 2018 |

Шпанската полиција уапси четворица осомничени членови на џихадистичка група

Spain-jihadistsШпанската полиција вчера во севрноафриканската енклава Сеута уапси четворица осомничени џихадисти, сите шпански државјани од мароканско потекло, кои формирале терористичка група и се подготвувале да извршат напад.

Министерот за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас изјави дека истражните органи, кои работеле заедно со мароканските колеги, утврдиле поврзаност меѓу осомничените членови на групата и двајцата браќа во Франција, кои ја нападнаа редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“.

Според него, уапсени се две двојки екстремно радикални браќа, кои биле добро воено обучени и физички и психички подготвени да извршат напад.

Во две куќи во Сеута вчера полицијата извршила претрес и пронашла пиштол, муниција, воена униформа, маски за лицето, список со шпански регистарски таблици на автомобили, ножеви, мечеви и документи.

Четворицата уапсени добивале инструкции преку интернет од лидерот на Ал Каеда во Ирак, Абу Бакр ал Багдади.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top