| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ со нов очекуван пораз во АБА лигата, овојпат од Цедевита на гостински терен

Шампионот во македонското првенство МЗТ Скопје одигра нов натпревар во АБА јадранската лига против Цедевита на гостински терен и забележа нов пораз од 70-81.
Цедевита беше пресилна за играчите од Аеродром и заслужено слеавеа на свој терен во Загреб.
Со четвртиот пораз во последните пет натпревари во јадранското натпреварување МЗТ остана на 12 место на табелата.
Металците иако десеткувани во составот без клучните играчи Стојановски, Симоновски, Синовец и Класен добро го започнаа натпреварот и по само седум минути игра имаа предност од осум коша разлика (22-14) благодарејќи на Дион Диксон кој постигна 12 поени во првата четвртина.
Отпорот на скопјаните траеше до средината на вториот перод кога Цедевита ја направи клучната предност со серија од 14-0.

mzt

До крајот на натпреварот избранците на Александар Јончевски успеа да ја намали двоцифрената предност на 49-53, но со новата серија од 11-02 го приврши натпреварот во своја корист.

Американецот Диксон беше предводник на тимот од Аеродром со 26 поени, осум скока и четири асистенции, додека солидна партија пружија и Шеховиќ и Цветковиќ со по 12 коша.

Следниот јадрански предизвик за четата на Јончевски се вика Партизан, кој следната сабота ќе гостува во „Јане Сандански“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top