По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во банкарскиот сектор и друштвата за наплата на долгови, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Организацијата на потрошувачите на Македонија, Народната банка на Република Македонија, EOS Matrix DOO, Кредитекспрес Македонија ДООЕЛ, Мелон Солушнс ДООЕЛ, Халкбанк АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, Алфа банка АД Скопје, Поштенска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Еуростандард банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, заеднички организираат „Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите“, под мотото „Вашата приватност е сигурна со нас!“
Отворените денови ќе се одржат на 15 март во Скопје (Градски трговски центар), 19 март во Битола (Градски плоштад), 21 март во Кавадарци (Градски плоштад) и 26 март во Тетово (Градски плоштад), 28 март Охрид (Градски плоштад), 30 март Струмица (ТЦ „Глобал“) од 12 до 15 часот.
На Отворените денови граѓаните ќе имаат можност да се информираат за своето право на заштита на личните податоци во банкарскиот сектор, да добијат одговори на најчесто поставуваните прашања поврзани со собирањето и обработката на личните податоци, директниот маркетинг, но и да ги постават директни прашања до Дирекцијата за заштита на личните податоци, банките и друштвата за наплата на долгови.
Првиот отворен ден се одржува денеска, во период 12-15 часот во Градскиот трговски центар во Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци и претставници од партнерите кои ја дадоа поддршката на овој проект ќе бидат достапни за изјава во 12.30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
Кои лични информации фејсбук ги знае за вас?
-
Италијански синдикат ќе ги заштитува Македонците кои работат во Италија
-
Температурите ќе паднат под нула, заштитете ги насадите – препорака на УХМР