| четврток, 6 декември 2018 |

Кои лични информации фејсбук ги знае за вас?

Ова се инфорамциите кои фејсбук ги знае за вас:

1. Сѐ што ќе лајкнете: Фотографии, белешки, луѓе, видеа, коментари. Фејсбук ги анализира сите ваши лајкови и споделувања.

2. Сите ваши лични пораки со сите корисници.

3. Сите ваши избришани пораки, објави на ѕид и коментари. Дури и да сте ги избришале пред долго време, тие засекогаш остануваат зачувани во серверите на Фејсбук.

4. Сите ваши недовршени објави што сте почнале да ги куцате, но не сте ги објавиле. Фејсбук ги памети дури и работите кои сте сакале да ги објавите, но сте се премислиле и сте ги избришале.

5. Сите фотографии и видеа што ги објавувате, но и оние што ги споделувате. Па, дури и тие што другите корисници ги споделуваат со вас.

6. Периодот кога сте станале или сте престанале да бидете пријатели со некого и периодот кога активно сте комуницирале со одреден корисник.

7. Сите ваши активности, лајкови и објави преку Инстаграм или WhatsApp. Фејсбук ги поседува и двете апликации.

8. Сите настани на коишто ќе присуствувате, како и местата, градовите и државите што сте ги посетиле.

9. Сите уреди што сте ги употребиле за да се најавите на вашиот профил.

10. Сите работи што сте направиле на веб-сајтови каде што сте се регистрирале или најавиле преку вашиот Фејсбук профил. Тоа е така затоа што би ви требало подолго време да се регистрирате на овие сајтови преку мејл, па полесно е да се искористи Фејсбук-от за таа намена.

1. Вашето ниво на образование и плата.

12. Веб-сајтовите што сте ги посетиле преку објавите или рекламите на Фејсбук. Дали некогаш сте се запрашале зошто Фејсбук ги рекламира токму оние работи што ве интересираат?

13. Сите страници што содржат „Сподели на Фејсбук“ (Share on Facebook) опција или едноставно опција за „лајк“.

14. Броевите на вашите кредитни картички.

15. Вашата политичка определеност, особено коментарите што сте ги оставиле и кои можат да бидат искористени против вас.

16. Вашето лице: Кога некој ќе ве означи на фотографија, Фејсбук го внесува тоа во неговата база на податоци за да може попрецизно да го препознае вашето лице во наредните фотографии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top