| четврток, 6 декември 2018 |

Температурите ќе паднат под нула, заштитете ги насадите – препорака на УХМР

slana

Температурите кои во наредните денови се очекува да се спуштат и до минус четири степени целзиусови сериозно може да ги загрозат овошките и виновата лоза, предупредува УХМР и препорачува земјоделските производители да применат мерки за заштита.

Според агрометеоролозите, овошките и грозјето се во многу осетливи фази од развојот – процветување или почеток на формирање плод поради што се чувствителни и лесно подложни на оштетувања.

– Земјоделските производители да применат мерки на заштита, со препарати против измрзнување или класични методи со оросување со вештачки дожд во периодот додека се температурите негативни, а тоа е периодот пред изгрејсонце или со зачадување со палење на растителни отпадоци непосредно во парцелите, велат од УХМР.

Поради разведрувањето за време на викендот и во почетокот на наредната недела, утринските температури на некои места ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во постепен пораст. Со разведрувањето во текот на ноќта помеѓу петок и сабота, а на некои места во недела наутро очекуваните негативни температури на воздухот ќе достигнат и до минус четири степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top