| четврток, 6 декември 2018 |

Вавринка без изгубен сет во осминафиналето, Ѓоковиќ рутински го победи Вердаско

Tennis Australian Open 2015

Бранителот на титулата на Отвореното тениско првенство на Австралија Швајцарецот Станислас Вавринка продолжува со изворедните партии. Тој ноќеска во рамките од третото коло го победи Јарко Ниеминен со 3-0 (6-4, 6-2, 6-4) во сетови за помалку од два часа игра и продолжува кон одбрана на титулата од минатата сезона.
Во осминафиналето швајцарскиот тенисер ќе игра против Шпанецот Гилермо Гарсија-Лопез, кој во сличен ритам го надигра Поспишил со 6-2,6-4,6-4.

Слично како Вавринка за неполни 90 минути игра, Канаѓанецот родум од Подгорица Милош Раониќ со феноменален сервис од 83 проценти, славеше победа над Германецот Бенџамин Бекер со 3-0 (6-4,6-3,6-3) во сетови. Со оваа победа Раониќ го измрани својот личен рекорд за најдобар пласман на еден грен-слем турнир.
Тој во осминафиналето за противник ќе го има Фелисијано Лопез кој во три сета со 7-6,6-4,7-6 го совлада Јержи Јанович.

Tennis Australian Open 2015

Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ без проблеми продолжува во следната рунда. Тој предмалку беше поуспешен од ветеранот Фернандо Вердаско кој само во првиот сет пружи поголем отпор играјќи тај-брејк (7-6, 6-3, 6-4).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top