Директори , лекари и медицински сестри од скопските клиники вчера порано си заминале дома, а пациенти чекале за преглед, констатирале 40-тина инспектори од Министерството и Фондот за здравство во вчерашната вонредна контрола.
Во електронската евиденција стоело дека се на работа, но не биле на работното место.
– Пациентите си чекаа во амбуланта, вели контролор од ФЗОМ.
„Сител“ на една од клиниките го затекна и министерот за здравство Никола Тодоров.
-Тоа што е петок не треба да си заминуваат порано дома, изјави Тодоров.
Тој најави дека ќе побара од сите менаџери на клиниките да проверат каде биле нивните вработени и да бидат преземени соодветни мерки согласно законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


