Општина Штип ги известува граѓаните на Штип дека водата за пиење во овој момент не е за употреба и истата треба да се користи само како техничка вода.
-Причина за тоа се обилните врнежи кои предизвикаа заматување на водата во бунарите и како мерка на безбедност уште еднаш апелираме истата да се користи само како техничка вода. Општина Штип ја следи состојбата со водостојот на реките во штипскиот и лакавичкиот регион, по излевањето на Лакавичка и Балталиска река, како и со поединото излевање на Брегалница, а посебно со истекувањето на вода од браната Мантово, велат од општината.
Поројните дождови и излевањето на реките предизвикаа големи штети пред се во лакавичкиот регион, а во прекин е комуникацијата се неколку села. Во прекин е патниот сообраќај до селата Љуботен, Балталија, Пухче, Степанци и Суво Грло, а екипи и механизација од приватни изведувачи веќе ги расчистува штетите и работат на воспоставување на патниот сообраќај.
Без струја се селата Лакавица и Лесковица и во контакт со ЕВН веќе се преземаат мерки жителите од овие места да добијат електрична енергија . Без вода е селото Лакавица и ЈП „Исар” веќе испраќа цистерни со вода за времено снабдување на жителите, се до повторно воспоставување на водоснабдувањето. Исто и во Штип ќе има кружење на неколку цистерни за вода за снабдување на оние кои проблеми во водоснабдувањето. Информации за ова ќе има на веб страницата на ЈП „Исар”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.