Македонија повторно ја победи Австрија, селекција што во ракометот ни станува редовен муштерија. Во Доха вечерва славевме убедливо со 36-31 и го освоивмке второто место во Б групата, за осминафинален меч со Словенија. Против Словенците ќе играме нокаут меч во недела, а терминот дополнително ќе биде одреден.
Како по ноти го одигравме второто полувреме против Австрија, откако по првите 30 минути беше нерешено. Клучен момент беше влегувањето во игра на Петар Ангелов. Популарниот Диви ја спушти ролетната на голот за само 15-на минути одбрани 7-8 топки, а во нападот Лазаров, Миркуловски, Манасков, Георгиевски, Мојсовски и Вугринец беа немилосрдни за нова победа против Австрија.
Кирил Лазаров беше најефикасен поединец на мечот со 9 гола, пред Филип Миркуловски со 5. Лазаров ја доби наградата за најдобар играч на мечот, иако уште неколку македонски ракометари ја заслужија истата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



