Според најновите информации од Центарот за управување со кризи, дождовите последните 24 часа и наглото топење на снегот предизвикаа поплави на куќи и помошни простории на жителите на шест села во општина Прилеп и општина Долнени.
– Во прилепско последните 24 часа наврнаа 12 литри на метар квадратен и наглото топење на снегот предизвикаа поплави. Поплавени се куќи и помошни простории во три прилепски села: Лагово, Галичани и Ерековци, како и во три населени места во општина Долнени: Белополе, Вранче и Средорек. Поплавен е и дел од патот Прилеп-Крушево кај месноста „Бегова ливада“, изјави Влатко Котески од Центарот за управување со кризи во Прилеп.
Како што информира Котески, комисии на двете општини се на теренот и вршат процена на штетите, а екипи на Противпожарната единица од Прилеп се во населените места и ја испумпуваат водата од куќите и помошните простории на жителите од поплавените села
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.