Ќерката на Вил Смит и Џејд Пинкет сака да ја шокира јавноста, па повторно дигна прав со фотографијата, која многумина ја прогласиле за непримерна на нејзината возраст.
Четиринаесетгодишната Вилоу Смит на својот профил на „Инстаграм“ објавила фотографија на која носи маица со принт на гола жена, која дополнително ја нагласила, така што ги подигнала рацете над глава за да ги истакне градите.
Младата девојка веќе го има епитетот на контроверзна личност. Таа минатата година, исто така, објави непримерна фотографија, а потоа семејството го посетија луѓе од социјалната служба. Многумина негативно ја коментираа и нејзината изјава дека не постојат добри романи кои би ги читала и од таа причина пишува свои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.