| четврток, 6 декември 2018 |

После 20 години брак – се разведува Вил Смит?

Иако веќе со години се пишува за проблемите во бракот на Вил Смит и Џејда Пинкет, сепак минатата година ја прославија 20 годишнината од својата венчавка.

Сите наводи за развод тогаш остро ги демантираа, но порталот Радар Онлајн пишува дека парот живее одвоено и тоа откако нивните деца се исселиле од заедничкиот дом и започнале самостоен живот.

Пријателите тврдат дека, ако одењето во брачно советувалиште не вроди со плод, парот ќе поднесе барање за развод и распределба на имотот, чија вредност се проценува на 270 милиони долари.

-Времето веќе воопшто не го поминуваат заедно, но нивните пријатели се уште се надеваат дека ќе сфатат колку се сакаат. Но проблем е што и двајцата ги откриваат убавините на соло живеењето и уживаат во него, а се чини дека се посреќни вака- рекол извор близок на парот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top