| четврток, 6 декември 2018 |

Вил Смит сака да биде иден претседател на САД

Во интервју  за магазинот „Холивуд рипортер“, американскиот актер Вил Смит изјавил дека планира активно да се занимава со политика, како и раперот Канје Вест, за да може еден ден да стане кандидат на претседателските избори во САД.

vil smit

– Сакам да се обидам да ја променам политичката и општествената клима која толку ме иритира што не можам да спијам. Јас сум човек кој се искачува, па кога ќе видам планина јас се искачувам на неа. Чувствувам потреба да му бидам корисен на светот – изјавил 47-годишниот актер, кој покрај глумата се занимава и со музика и со продукција.

Како ѕвезда на бројните филмски блокбастери тој тврди дека политиката не го плаши.

– Напорно работам, а мојата елоквентност, како телото така и говорот, мојата способност да изнесувам идеи, е се подобра. Со оглед на актуелното политичко опкружување, сметам дека има идина за мене . Можеби ќе им бидам потребен – изјавил Смит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top