| четврток, 6 декември 2018 |

„Птиците од ланските гнезда“ од Митко Маџунков е „Роман на годината“

Madzunkov

Романот „Птиците од ланските гнезда“ од Митко Маџунков, во издание на „Три“, е годинашен добитник на наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. Од 46. романи што пристигнаа во нашата редакција да се натпреваруваат за престижната книжевна награда, по пет селекции, жири-комисијата по пат на тајно гласање одлучи годинава наградата да ја понесе најновиот роман на Митко Маџунков.

– Чувството да се добие оваа престижна награда е многу добро. Сметам дека во оваа ситуација, кога литературата е малку присутна во медиумите, кога нема соодветна рецепција и критичка мисла, речиси нема никаде рецензии, овој потфат на „Утрински весник“ е многу важен за афирмацијата на нашата култура воопшто, не само на македонскиот роман. На тоа треба да се истрае и целиот процес уште повеќе да се афирмира, со поголема присутност на авторите, со притискање за критички осврти итн. Мислам дека тоа е поентата. Бидејќи романот, како една сложена структура, меѓу другото, е и во функција на одбрана на јазикот, на неговата висока артикулација, а тоа е нешто што нè засега сите нас – вели лауреатот Митко Маџунков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top