Ацо Јоноски е во трка со времето и неговиот настап е неизвесен против Австрија денеска од 17 часот, во меч од последното коло во Б групата.
Столбот во македонската одбрана се уште има оток на ногата, а се повреди на натпреварот против Хрватска. Состојбата е нешто подобра од вчера, но сепак останува дилемата дали Јоноски ќе игра со Австрија.
„Состојбата е подобра ако се спореди со вчерашниот ден. Сепак, се уште имам оток што докторите се обидуваат да го санираат во следните часови. Пред мечот со Австрија ќе видиме дали и колку ќе можам да и помогнам на репрезентацијата“, изјави Јоноски за „Екипа“.
Мечот со Австрија е клучен за второто место во Б групата, со што во осминафиналето веројатно би играле со Словенија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



