| четврток, 6 декември 2018 |

Австријците се закануваат: Време е да им се реваншираме на Македонците

Австрија има лоши спомени во дуелите со македонската ракометна репрезентација, а ги печат ланскиот пораз на Европското првенство во Данска и, особено, елиминацијата во бараж-двомечот за пласман на СП 2012. Денеска од 17 часот Австријците ќе ни бидат противник во директна битка за второто место во групата Б. Нам ни одговара и реми, а ривалот мора да оди на победа за освојување на позицијата број 2, веднаш зад лидерот Хрватска.

– Време е за реванш – изјави кратко селекторот на Австрија, Патрекур Јоханесон. Тој е Исланѓанец на кормилото на Австрија и еден од најзаслужните за неверојатниот подем на оваа селекција. Од земја со скромна ракометна традиција, Австријците експресно се развија во значаен фактор на светската ракометна мапа.

parte

И на Македонија ѝ зададоа многу мака лани на ЕП во Данска, кога со многу среќа ги победивме со 22-21.

– Не смееме да влеземе во мечот одмазднички бидејќи сакаме реванш на спортско поле, во витешка битка. Не смееме да дозволиме да тргнеме во некакви лични пресметки. Македонија има многу искусен состав, играат мошне интелегентно, со играчи кои настапуваат во Лигата на шампионите. Костурот им е од еден тим од Металург, што секако носи одредена предност. Добро се уиграни и борбени, што ги прави опасен ривал за секоја селекција – вели Јоханесон.

Австрија игра добро и на мундијалот во Катар, а по голема битка загуби од Хрватска, додека во останатите три меча забележи две победи против БиХ и Иран и ремизираше со Тунис. Сигурно ќе играат во осминафиналето, а од која позиција и со кој противник од групата А ќе се знае по денешниот дуел против Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top