| четврток, 6 декември 2018 |

Вратените џихадисти во Тирана под засилен мониторинг

џихадисти

Албанските власти  го зголемија надгледувањето на вратените џихадисти во земјата, по нивното враќање од фронтот во Сирија, а според албанските медиуми, само во текот на минатата година во Албанија од Сирија се вратиле над дваесетина млади кои војувале во Сирија, а кои беа ранети и се лекувале во албанските болници.

Истите извори нагласуваат дека тие биле сослушувани од страна на албанската полиција. Нивното следење во земјата е поради тоа да се истражи нивната цел, дали ќе се вратат во фронтот во Сирија или, пак, евентуално би се активирале во Албанија.

Дел од медиумите нагласуваат дека не само албанското МВР, туку и највисоките албански институции, како што е Советот за национална безбедност, имаат расправано околу активностите на вратените џихадисти во Албанија.

Инаку албанското раководство деновиве оцени дека неопходна е голема будност за да се спречат евентуални терористички активности во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top