| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Никола Стиков: Два­е­сет и пр­ви­от век ќе би­де век на откри­ва­ње на тај­на­та на мо­зо­кот

Сти­ков ра­бо­ти на вос­по­ста­ву­ва­ње на те­ме­ли­те на ма­ке­дон­ски ин­сти­тут за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, ме­сто ка­де што ќе се пра­кти­ку­ва­ат врв­на ди­јаг­но­сти­ка и ме­ѓу­на­род­но фи­нан­си­ра­на на­у­ка. Во след­ни­те не­кол­ку го­ди­ни ќе ра­бо­ти на комп­ле­ти­ра­ње на ти­мот од де­се­ти­на клуч­ни истра­жу­ва­чи кои зна­ат до­вол­но, има­ат ам­би­ци­ја и мо­жат да поч­нат не­што од ну­ла

До­ктор Ни­ко­ла Сти­ков (36) е про­фе­сор по би­о­ме­ди­цин­ско ин­же­нерс­тво на По­ли­тех­нич­ка­та шко­ла при Уни­вер­зи­те­тот во Мон­тре­ал, нај­го­ле­ми­от фран­ко­фон­ски уни­вер­зи­тет во Ка­на­да. Сти­ков е пр­ви­от Ма­ке­до­нец што дип­ло­ми­рал, ма­ги­стри­рал и до­кто­ри­рал на аме­ри­кан­ски­от уни­вер­зи­тет „Стен­форд“. Не­кол­ку го­ди­ни ра­бо­ти во Кве­бек, Ка­на­да,а истра­жу­ва­ња­та му се во об­ла­ста на кван­ти­та­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и неј­зи­на­та при­ме­на во пси­хо­ло­ги­ја­та и во не­вро­ло­ги­ја­та. Не­о­дам­на, на Фа­кул­те­тот за еле­ктро­тех­ни­ка и ин­фор­ма­ци­ски тех­но­ло­гии во Скоп­је одр­жа пре­да­ва­ње за тоа што го ра­бо­ти, а пуб­ли­ка­та, ка­ко и са­мо­то пре­да­ва­ње, бе­ше иск­лу­чи­тел­но ин­тер­дис­цип­ли­нар­на – од ин­же­не­ри, пре­ку ме­ди­ци­на­ри, до фил­мски работници и фи­ло­зо­фи.

Д-р Сти­ков, Ва­ши­те истра­жу­ва­ња се во об­ла­ста на кван­ти­та­тив­на­та маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја и неј­зи­на­та при­ме­на во пси­хо­ло­ги­ја­та и во не­вро­ло­ги­ја­та. Да­ли мо­же да им об­јас­ни­те на чи­та­те­ли­те за што по­точ­но ста­ну­ва збор?

СТИ­КОВ: Јас сум еле­ктро­ин­же­нер и раз­ви­вам но­ви тех­ни­ки за сни­ма­ње на ми­е­ли­нот, т.е. бе­ла­тамо­зоч­на ма­те­ри­ја ко­ја ги об­ви­тку­ва нерв­ни­те влак­на и обез­бе­ду­ва брз транс­порт на ин­фор­ма­ции. При­мар­ни­от ин­те­рес ми е во ме­ре­ње­то на де­бе­ли­на­та на ми­е­лин­ска­та об­ви­вка, не­што што до­се­га не е из­ме­ре­нокај жив чо­век, а е осо­бе­но важ­но за сле­де­ње на не­вро­де­ге­не­ра­тив­ни­те бо­ле­сти и за про­у­чу­ва­ње на раз­во­јот на мо­зо­кот кај де­ца и кај во­зрас­ни. Со мо­ја­та тех­ни­ка до­би­ва­ме ил­ја­да па­ти по­де­тал­на сли­ка од чо­веч­ки­от мо­зок од тоа што во мо­мен­тов е мож­но со маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја. Оваа тех­ни­ка, ко­ја во из­ми­на­та­таго­ди­на до­би пр­ва на­гра­да на нат­пре­ва­рот за бе­ла ма­те­ри­ја ор­га­ни­зи­ран од Ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во ме­ди­ци­на­та, ве­ќе е спро­ве­де­на на нај­моќ­ни­от ске­нер за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја (тој на уни­вер­зи­те­тот „Хар­вард“), а се при­ме­ну­ва и на „Стен­форд“, од ка­де што до­а­ѓам и ка­де што ги за­вр­шив сту­ди­и­те, ка­ко и во Мон­тре­ал, ка­де што ја поч­ну­вам мо­ја­та про­фе­сор­ска ка­ри­е­ра.

Што е тол­ку ин­те­рес­но и фас­ци­нант­но во мо­зо­кот на чо­ве­кот?

СТИ­КОВ: Два­е­сет и пр­ви­от век ќе би­де век на откри­ва­ње на тај­на­та на мо­зо­кот. Пре­диз­ви­кот е во тоа што ни­кој од нас не мо­же сам да ја открие таа тај­на. По­треб­но е да ра­бо­ти­ме во ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни ти­мо­ви и се­кој да да­де одре­ден при­до­нес – јас ка­ко ин­же­нер, по­тоа не­вро­лог, пси­хо­лог, ра­ди­о­лог… Уба­во е ко­га се ра­бо­ти со ви­со­ко­струч­ни и ам­би­ци­оз­ни лу­ѓе наза­ед­нич­ка цел – да се од­го­во­ри напра­ша­ње што не сме ус­пе­а­ле да го од­го­во­ри­ме со ил­јад­ни­ци го­ди­ни. Пра­ша­ње­то са­мо по се­бе е мно­гу те­шко за­што са­ка­ме да про­ник­не­ме во ор­га­нот кој ни слу­жи ток­му за про­ник­ну­ва­ње, па по мал­ку по­тсе­ту­ва­ме на ку­че што си го бр­ка сопс­тве­ни­от опаш. Но, вре­ме­то е до­бро за соз­да­ва­ње ин­тер­дис­цип­ли­нар­ни ти­мо­ви кои ќе мо­жат да ги „на­пад­нат“ нај­де­ли­кат­ни­те пра­ша­ња од об­ла­ста на чо­веч­ки­от мо­зок. Дла­бо­ко ве­ру­вам де­ка си­те овие сит­ни коц­ки ќе се сло­жат, ќе си дој­дат на свое ме­сто и де­ка во мо­јот про­фе­си­о­на­лен век ко­неч­но ќе има­ме комп­лет­на сли­ка за тоа ка­ко ра­бо­ти нај­ми­сте­ри­оз­ни­от чо­веч­ки ор­ган.

06 (Custom)

Д-р Никола Стиков работи на воспоставување на темелите на Институтот за магнетна резонанција во Македонија

Не се отка­жу­ва­те од иде­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја да се по­ста­ват те­ме­ли на ин­сти­тут за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, ме­сто ка­де што ќе се пра­кти­ку­ва­ат врв­на ди­јаг­но­сти­ка и ме­ѓу­на­род­но фи­нан­си­ра­на на­у­ка. До ка­де е ре­а­ли­за­ци­ја­та на таа иде­ја?

СТИ­КОВ: Та­ков ин­сти­тут не мо­же да се соз­да­де пре­ку ноќ, ме­ѓу­тоа сè што пра­вам во пос­лед­ни­те де­се­ти­на го­ди­на е со таа цел. Ин­фра­стру­кту­ра­та е нај­лес­ни­от дел од еден та­ков про­ект, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за ске­нер за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја, кој го има во на­ши­те бол­ни­ци. Во ос­но­ва, ске­не­ри­те во Ма­ке­до­ни­ја се по­ква­ли­тет­ни од тој на кој јас го за­вр­шив до­кто­ра­тот на „Стен­форд“, но клу­чен е чо­веч­ки­от фа­ктор. Ни тре­ба ви­со­ко­о­бу­чен ка­дар, и тоа не се слу­чу­ва пре­ку ноќ. Јас се­га сум про­фе­сор на По­ли­тех­нич­ка­та шко­ла на Уни­вер­зи­те­тот во Мон­тре­ал, што ми да­ва мож­ност да би­дам мен­тор на сту­ден­ти. Се на­де­вам де­ка во на­ред­ни­те че­ти­ри-пет го­ди­ни ќе ус­пе­ам да обу­чам сту­ден­ти од Ма­ке­до­ни­ја кои би ста­на­ле клуч­ни чле­но­ви на тој наш ин­сти­тут и кои ќе зна­ат до­вол­но, ќе би­дат ам­би­ци­оз­ни и ќе мо­жат да поч­нат не­што од ну­ла.

Бла­го­да­реј­ќи на Ва­ши­от ан­гаж­ман на Уни­вер­зи­те­тот „Ме­кгил“ во Ка­на­да, ма­ке­дон­ско­то Ми­ни­стерс­тво за здрав­ство пра­ти на обу­ка и на усо­вр­шу­ва­ње двај­ца про­фе­си­о­нал­ци – ра­ди­о­лог и ра­ди­о­ло­шки тех­ни­чар. Освен Вас, по­сто­јат уште не­кол­ку мла­ди ма­ке­дон­ски на­уч­ни­ци што ра­бо­тат на иста­та проб­ле­ма­ти­ка – маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја. Да­ли тоа ќе би­де пр­ви­от тим на ин­сти­ту­тот?

СТИ­КОВ: Ние има­ме кри­тич­на ма­са истра­жу­ва­чи во об­ла­ста на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја, што е ре­ткост за ед­на ма­ла зем­ја ка­ква што е Ма­ке­до­ни­ја. Ста­ну­ва збор за че­тво­ри­ца мла­ди истра­жу­ва­чи со комп­ле­мен­тар­ни по­ли­ња на истра­жу­ва­ње – д-р Бор­јан Га­гов­ски во Бо­стон, д-р Вес­на Прч­ков­ска во Бар­се­ло­на, д-р Ива Пе­тков­ска во Ту­сон, и се­ка­ко јас во Мон­тре­ал. Тре­ба да се иско­ри­сти тој чо­веч­ки по­тен­ци­јал. Ди­ми­тар Вел­ја­нов­ски и Ли­ла Ландс­берг, ра­ди­о­ло­гот и ра­ди­о­ло­шки­от тех­ни­чар што дој­доа на обу­ка во „Ме­кгил“, исто та­ка би мо­же­ле да му по­ну­дат не­за­мен­ли­ва ме­ди­цин­ска екс­пер­ти­за на ин­сти­ту­тот. Нор­мал­но, тоа не е до­вол­но. По­треб­ни се по­ве­ќе ин­же­не­ри, пси­хи­ја­три, не­вро­ло­зи, па зо­што не и не­вро­хи­рур­зи. Јас сто­јам на рас­по­ла­га­ње да обез­бе­дам кон­та­кти и би ми би­ло мно­гу дра­го ако има­ме на­ши сту­ден­ти со на­уч­ни ин­те­ре­си слич­ни на мо­и­те. Не мо­жам да ве­там де­ка ќе обез­бе­дам по­зи­ци­ја за нив, но ве­ту­вам де­ка ќе од­го­во­рам на е-по­шта и ќе нај­дам вре­ме за раз­го­вор.

Од 16 го­ди­ни сте над­вор од Ма­ке­до­ни­ја и Ва­ша­та ка­ри­е­ра ја соз­да­до­вте во странс­тво. Во Ма­ке­до­ни­ја сте че­сто, кол­ку што Ви доз­во­лу­ва­ат об­вр­ски­те, и зна­е­те што се слу­чу­ва кај нас во по­ле­то на на­у­ка­та. Што мис­ли­те, ка­ко Ма­ке­до­ни­ја, ко­ри­стеј­ќи ги сво­и­те ре­сур­си, тре­ба да го сти­му­ли­ра на­уч­но­то истра­жу­ва­ње?

08 (Custom)

На­у­ка­та ни­ко­гаш не мо­же да би­де ло­кал­на, смета д-р Стиков

СТИ­КОВ: Има два на­чи­на да се зго­ле­ми на­уч­на­та про­ду­ктив­ност во Ма­ке­до­ни­ја. Ед­ни­от е да се зго­ле­ми бу­џе­тот за на­уч­ни истра­жу­ва­ња. Спо­ред не­кои ста­ти­сти­ки, ви­дов де­ка са­мо 0,2 про­цен­ти од бу­џе­тот на Ма­ке­до­ни­ја е изд­во­ен за на­у­ка. Тоа е мал­ку, осо­бе­но ко­га ста­ну­ва збор за ма­ла др­жа­ва. Ме­ѓу­тоа, не е важ­но кол­ку ќе изд­во­и­ме. Мо­же да се од­де­лат и пе­де­сет про­цен­ти од бу­џе­тот, а по­втор­но да оста­не пра­ша­ње­то што и кол­ку мо­же да се по­крие со тие па­ри. За­тоа, клу­чен е вто­ри­от мо­мент, а тоа е по­тре­ба­та од фо­кус и стра­те­ги­ја: да се кон­цен­три­ра­ме на не­кол­ку по­ли­ња во кои има­ме мож­ност да истр­ча­ме за­ед­но со све­тот, а зо­што не и пред не­го. Сме­там де­ка маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја е ед­но од тие по­ли­ња ка­де што ве­ќе има­ме ус­пех и мо­же да се над­гра­ду­ва­ме. Не­кол­ку­те џе­бо­ви на до­бра на­у­ка што ги има во Ма­ке­до­ни­ја се бла­го­да­ре­ние на дол­го­роч­на стра­те­ги­ја, па се на­де­вам де­ка и маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја, од­нос­но истра­жу­ва­ње­то на мо­зо­кот, ќе си нај­де ме­сто та­му.

Кој е Ва­ши­от со­вет за мла­ди­те истра­жу­ва­чи во Ма­ке­до­ни­ја?

СТИ­КОВ: На­у­ка­та ни­ко­гаш не мо­же да би­де ло­кал­на. Да се би­де го­ле­ма ри­ба во ма­ла ба­ра мо­же­би е по­жел­но за не­кои про­фе­сии, но на­уч­ни­ци­те мо­ра да пли­ва­ат со го­ле­ми­те ри­би. Знам де­ка е те­шко, но на­ши­те на­уч­ни­ци мо­ра да ос­тва­ру­ва­ат кон­та­кти со приз­на­ти авто­ри­те­тиво странс­тво. Кон­фе­рен­ци­и­те се од­ли­чен на­чин тоа да се на­пра­ви, и ток­му за­тоа два па­ти во Охрид ор­га­ни­зи­рав­ме се­ми­нар (mrbalkan.org) на кој учес­тву­ваа во­деч­ки­те на­уч­ни­ци од об­ла­ста на маг­нет­на­та ре­зо­нан­ци­ја. Знам де­ка при­сус­тво­то на кон­фе­рен­ции не е се­ко­гаш мож­но, но по­сто­јат и дру­ги ре­сур­си, ка­ко што се „Тви­тер“ или „Линк­дин“, кои по­вр­зу­ва­ат на­уч­ни­ци и им овоз­мо­жу­ва­ат на мла­ди­те лу­ѓе да ос­тва­рат кон­такт со авто­ри­те­ти­те во со­од­вет­но­топо­ле. Во тоа мо­же да по­мог­не и ма­ке­дон­ска­та на­уч­на ди­јас­по­ра, да соз­да­де­ме на­уч­на мре­жа и да им ги по­до­тво­ри­ме вра­ти­те на лу­ѓе­то од Ма­ке­до­ни­ја што са­ка­ат да се усо­вр­шу­ва­ат на стра­на. Се­ка­ко, по­стои опас­но­ста де­ка ова ќе ре­зул­ти­ра са­мо со од­лив на мо­зо­ци до­кол­ку не се убе­дат тие лу­ѓе де­ка за нив има ид­ни­на и во Ма­ке­до­ни­ја. Во тој кон­текст, мо­же да се по­ну­дат одре­де­ни ус­ло­ви што ги не­ма во странс­тво, ка­ко, на при­мер, мож­но­ста со по­мал­ку па­ри дасе на­пра­ви по­ве­ќе. Пре­фр­ла­ње на истра­жу­ва­ња­та во зем­ји во раз­вој е тренд во све­тот би­деј­ќи ус­лу­ги­те и струч­ни­от ка­дар се по­е­вти­ни ту­ка спо­ре­де­но со зем­ји ка­ко САД и Ка­на­да. Зна­чи, мо­же да има и фи­нан­си­ска исп­лат­ли­вост во тоа дел од ме­ѓу­на­род­ни­те гран­то­ви да се пре­ле­ат во Ма­ке­до­ни­ја.

Кои се Ва­ши­те пла­но­ви за во ид­ни­на?

СТИ­КОВ: Кра­тко­роч­ни­те пла­но­ви се тие што ги има се­кој млад про­фе­сор – да се об­ја­ват што е мож­но по­ве­ќе на­уч­ни тру­до­ви, да се до­би­јат по­ве­ќе гран­то­ви за истра­жу­ва­ње и да се соз­да­де на­уч­но име за се­бе и за со­ра­бот­ни­ци­те. На тој план ве­ќе имам ус­пе­си. Из­бран сум за еден од мла­ди­те ли­де­ри (JuniorFellow) на Ме­ѓу­на­род­но­то здру­же­ние за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја во ме­ди­ци­на­та. Дол­го­роч­ни­от план, се­ка­ко, е по­вр­зан со Ма­ке­до­ни­ја. Во 2020 го­ди­на ќе имам шан­са прв­пат да до­би­јам ед­на го­ди­на па­у­за од об­вр­ски­те на фа­кул­те­тот во Мон­тре­ал, а тоа е пер­и­од ко­га на­уч­ни­ци­те се оби­ду­ва­ат да вос­по­ста­ват но­ви со­ра­бо­тки и про­е­кти. За ме­не тоа е од­лич­на шан­са да ми­нам ед­на го­ди­на во Ма­ке­до­ни­јаи да се оби­дам да ги вос­по­ста­вам те­ме­ли­те на ин­сти­ту­тот за маг­нет­на ре­зо­нан­ци­ја. До то­гаш се на­де­вам де­ка ќе има­ме по­ве­ќе еду­ци­ран ка­дар, по­ве­ќе ре­сур­си на рас­по­ла­га­ње и ќе мо­же да поч­не­ме не­што кон­крет­но во Ма­ке­до­ни­ја.

Раз­го­ва­ра­ше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска

Фо­то: Але­ксан­дар Ива­нов­ски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top