| четврток, 6 декември 2018 |

Руски научник тврди дека ја открил тајната на вечниот живот (видео)

Пред четири години Русите во сибирскиот лед пронашле бактерија стара 3,5 милиони години чии протеини наводно помагаат во зајакнување на одбранбениот механизам во човековиот организам.

Научниците сметаат дека „Бацилиус Ф“ би можел да го успори процесот на стареење и да го продолжи човековиот век на 140 години.

Набргу Русите започнале ексерименти со глувци, а потоа и со човековата крв, но се тоа за овој човек не било доволно. Тој во себе го вбризгал Бацилису Ф, но верувале или не резултатите се неверојатни.

– Работам како робот, а воопшто не се заморувам. Во последните две години воопшто се немам ниту преладено. Резултатите од ескеприментот со глувци не беа добри, па помислив да испробам на човек – вели за Сивериан Тајмс овој научник.

Бручков вели дека немало никаков ризик.

– Бактеријата ја најдовме во едно езеро каде била сокриена повеќе од три милиони години. Локалните луѓе со години пијат вода од тоа езеро и живеат подолго од останатите. Така заклучив дека нема опасност ако ја вбризгам во себе – објаснува рускиот научник.

Тој сепак признава дека ова не е службен научен експеримент, но по се изгледа дека бактеријата на него функционира беспрекорно.

– Професионално не можам да ги објаснам ефектите, но тврдам дека за последните две години ниту грлото ме нема заболено. Можеби би требал да одам во некоја клиника и да направам детални прегледи па тие да донесат конечен суд, но мораме да откриеме дека бактеријата го успорува стареењето и што го држи животниот механизам и како оваа бактерија да се искористи – додава Бручков.

Во секој случај во далечниот Сибир сите се убедени дека е пронајден лекот за продолжување на животот, но и нешто што поединци би можело да ги направи прилично добри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top