| четврток, 6 декември 2018 |

Жените немаат самодоверба за да бидат врвни научници

 

науци

Речиси две третини од анкетираните Европејци сметаат дека жените не можат да бидат врвни научници. Испитувањето покажа дека седум од десет Европејци, или 67 отсто, сметаат дека жените немаат способност да станат научни работници на високо ниво.

Таквото мислење го делат и 66 отсто од жените и 67 проценти од мажите.

Според акетата спроведена во Германија, Велика Британија, Шпанија, Франција и Италија во организација на францускиот Институт „Опин веј“ 33 отсто од испитаниците сметаат дека жените имаат еднакви капацитети како и мажите за успех во научниот труд.

Дури 71 отсто од Германците веруваат дека жените немаат способности да ги остварат најголемите научни достигнувања, а потоа се Италијанците 70 отсто, Французите и Британците 64 отсто и Шпанците 63 отсто.

Како најголема причина за тоа се наведува „недостигот на самодоверба“ (25 отсто од анкетираните), потоа „недостигот професионална логистика“ (21 отсто), „недостигот на натпреварувачки дух“ (19 отсто), „недостигот на амбиции“ (15 отсто) и „недостигот итересирање за науката кај жените (12 отсто).

Кога станува збор за научни подрачја, анкетата покажа дека жените најдобро се снаоѓаат во општествените науки, комуникацијата и во областа на јазиците.

Сепак, Европејците сметаат дека пожелно е во иднина се повеќе жени да се занимаваат со научна  работа.

Од 1901 година кога е основана Нобеловата награда, меѓу нејзините добитници се наоѓаат само три отсто од жените.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top