| четврток, 6 декември 2018 |

Шарли од Црешево и од Радишани

Фран­цу­ско­то на­ци­о­нал­но мо­то „Сло­бо­да, ед­на­квост и брат­ство“ и европ­ски­те вред­но­сти се под си­лен при­ти­сок, мо­же­би најсилен од по­че­то­кот на Фран­цу­ска­та Пет­та Ре­пуб­ли­ка ос­но­ва­на од Шарл де Гол и од иде­и­те на Жан Мо­не и на Ро­берт Шу­ман. А, кри­за во зем­ја-ос­но­вач на Европ­ска­та уни­ја не мо­же да би­де до­бра ни­ту за Уни­ја­та ни­ту за глав­ни­от фран­цу­ски парт­нер Гер­ма­ни­ја, ко­ја по­втор­но ќе мо­ра да го пре­зе­ме глав­ни­от то­вар во проб­ле­ма­тич­ни­те го­ди­ни на по­дем на ра­ди­кал­на­та дес­ни­ца и на стра­вот од ис­ла­ми­за­ци­ја на Евро­па

goran-momiroski-kol-90x115

Колумнист: Горан Момироски

Од 1958 го­ди­на, ко­га ге­не­ра­лот, хе­рој од Вто­ра­та свет­ска вој­на, ја спре­чи по­ли­тич­ка­та кри­за пре­диз­ви­ка­на од не­за­вис­но­ста на фран­цу­ски­те ко­ло­нии во Афри­ка и во­ве­де пре­тсе­да­тел­ски си­стем, до­се­га Фран­ци­ја ми­ну­ва­ла низ ни­за се­ри­оз­ни кри­зи. Ед­на од нај­о­пас­ни­те беа ма­сов­ни­те про­те­сти на лу­ѓе со мус­ли­ман­ско, арап­ско и со афри­кан­ско­то по­тек­ло во 2005 го­ди­на, кои до­ве­доа до три­ме­сеч­на во­нред­на со­стој­ба. На кри­за­та на на­ци­о­нал­ни­от иден­ти­тет, за ко­ја јав­но се ба­ра ре­ше­ние со го­ди­ни, се­га се до­да­ва кри­за­та на од­но­си­те ме­ѓу до­ми­нант­ни­те хри­сти­јан­ски жи­те­ли и мус­ли­ман­ска­та за­ед­ни­ца, ко­ја е нај­го­ле­ма во Евро­па. За раз­ли­ка од Ан­ге­ла Мер­кел, ко­ја пре­зе­де ви­зи­о­нер­ски че­ко­ри и се при­дру­жи на про­те­стот ор­га­ни­зи­ран од гер­ман­ски­те мус­ли­ма­ни, неј­зи­ни­от ко­ле­га Фран­соа Оланд ор­га­ни­зи­ра­ше про­тест во име на др­жа­ва­та, кој мно­гу­ми­на го до­жи­ве­а­ја ка­ко ан­ти­ис­лам­ски. Зго­ле­ме­ни­от број на­па­ди над мус­ли­ман­ски це­ли низ Фран­ци­ја вед­наш по про­те­стот се са­мо еден ин­ди­ка­тор де­ка тој, иа­ко нај­ма­со­вен во исто­ри­ја­та, мо­же­би бе­ше по­гре­шен.

Во Па­риз на го­ле­ми­от со­бир по смрт­та на 17 лу­ѓе при­стиг­наа че­ти­ри­е­се­ти­на свет­ски ли­де­ри. Ме­ѓу пр­ви­те до Фран­соа Оланд беа гер­ман­ска­та пре­ми­ер­ка Ан­ге­ла Мер­кел и бри­тан­ски­от пре­ми­ер Деј­вид Ка­ме­рон. Единс­тве­ни­от од нив трој­ца, а мо­же­би и ме­ѓу си­те што учес­тву­ваа на про­те­стот, што има се­ри­о­зен проб­лем со до­вер­ба­та кај гра­ѓа­ни­те е ток­му ор­га­ни­за­то­рот на ми­ли­он­ски­от со­бир. Иа­ко Оланд на­ви­дум ја над­ми­на по­ли­тич­ка­та огра­да и го по­ка­ни и ли­де­рот на опо­зи­ци­ја­та, Ни­ко­ла Сар­ко­зи, кој е со тол­ку ур­ни­сан реј­тинг што пра­ктич­но е без­о­па­сен, јас­но е де­ка тоа бе­ше од­лич­на шан­са за ли­де­рот на со­ци­ја­ли­сти­те на кри­ла­та на јав­но­то не­за­до­волс­тво кон мус­ли­ма­ни­те, кое го под­гре­а­ја не­го­ви­те ме­ди­у­ми, да го по­вра­ти реј­тин­гот и на зем­ја­та, ко­ја се­кој ме­сец гу­би де­се­ти­ци ил­ја­ди ра­бот­ни ме­ста, да ѝ ја сме­ни те­ма­та на раз­го­вор. Опас­но­ста од мус­ли­ма­ни­те, кол­ку и да ве­ли­ме при­тоа де­ка не тре­ба да се ге­не­ра­ли­зи­ра, се­ко­гаш ќе би­де по­а­тра­ктив­на те­ма од отво­ра­ње­то но­ви ра­бот­ни ме­ста и од ло­ша­та еко­ном­ска по­ли­ти­ка. Тоа што на про­те­сти­те не бе­ше по­ви­кан ра­ди­кал­ни­от дес­ни­чар­ски На­ци­о­на­лен фронт, кол­ку и да е оправ­да­но, до­пол­ни­тел­но збо­ру­ва за ви­стин­ска­та жел­ба во ре­ше­ни­е­то на проб­ле­мот да учес­тву­ва­ат си­те Фран­цу­зи, без раз­ли­ка на ко­ја стра­на од би­тка­та за прав­да се.

Глав­ни­от проб­лем на Оланд и на не­го­ва­та ад­ми­ни­стра­ци­ја оста­ну­ва фа­ктот што не ги иско­ри­сти­ја ин­ци­ден­ти­те и про­те­сти­те за да про­го­во­рат за су­штин­ска­та те­ма ко­ја е сè по­а­кту­ел­на во Фран­ци­ја, Гер­ма­ни­ја и на­се­ка­де во Евро­па. Сло­бо­да­та на го­во­рот е те­ма за ко­ја тре­ба и мо­ра да се раз­го­ва­ра, и тоа е оправ­да­но. Упо­тре­ба­та на на­силс­тво ка­ко од­го­вор на ка­ри­ка­ту­ри и анег­до­ти е не­при­фат­ли­во во мо­дер­ни­от свет, при што по са­мо се­бе се на­мет­ну­ва пра­ша­ње­то да­ли Евро­па на­ви­сти­на жи­вее во мо­де­рен свет.

Но, и по­крај сло­бо­да­та на изра­зу­ва­ње и сло­бод­ни­те ме­ди­у­ми, по­стои уште ед­на те­ма што во овој кон­текст мо­ра да би­де цен­трал­на, а тоа е по­чи­ту­ва­ње­то на раз­лич­ни­те кул­тур­ни вред­но­сти. Зем­ја­та ко­ја јав­но се гор­дее со сво­и­те вер­ски и ет­нич­ки мал­цинс­тва не­ма­ше хра­брост да приз­нае де­ка по при­е­мот на ми­ли­о­ни­те ло­ја­ли­сти од по­ра­неш­ни­те ко­ло­нии во Афри­ка и во Ин­до­ки­на ги про­ме­ни и сво­и­те кул­тур­ни вред­но­сти. Сус­пен­зи­ја­та на хи­џа­бот, од­нос­но ма­ра­ма­та со ко­ја мус­ли­ман­ки­те ја по­кри­ва­ат гла­ва­та, но не и ли­це­то, бе­ше пр­ви­от знак де­ка Фран­ци­ја сè уште жи­вее во ми­на­то­то, мо­же­би во тре­та­та ре­пуб­ли­ка ко­га зем­ја­та бе­ше ет­нич­ки и ре­ли­ги­оз­но ре­ла­тив­но чи­ста.

Вто­ро­то пра­ша­ње што се на­мет­ну­ва по го­ле­ми­от со­бир во Па­риз и во дру­ги­те фран­цу­ски гра­до­ви е што се­га. За­се­га не­ма нај­а­ва за но­ва све­жа де­ба­та за на­чи­нот на кој фран­цу­ско­то оп­штес­тво мо­же да из­ле­зе од кри­за­та. А, неа не ја поч­наа на­луд­ни­ча­ви­те бра­ќа Ку­а­чи и нив­ни­от при­ја­тел Ку­ли­ба­ли, ту­ку по­ве­ќе од 1300 фран­цу­ски др­жав­ја­ни што се бо­рат на фрон­то­ви­те во Си­ри­ја и во Ирак во ре­до­ви­те на раз­лич­ни ва­ри­јан­ти на ра­ди­кал­ни ис­ла­ми­стич­ки во­о­ру­же­ни фор­ма­ции, нај­че­сто во Ис­лам­ска­та др­жа­ва.

Во таа де­ба­та, кол­ку и да не­ма ме­сто за на­чи­нот на кој беа уби­е­ни 12 лу­ѓе во ре­дак­ци­ја­та на „Шар­ли ед­бо“, се­пак ќе мо­ра да се раз­го­ва­ра и за на­чи­нот на кој уби­е­ни­те ги на­вре­ду­ваа чув­ства­та на мус­ли­ма­ни­те, Евре­и­те и на хри­сти­ја­ни­те. По­греш­но е да се твр­ди де­ка мус­ли­ма­ни­те во рам­ки­те на сво­и­те кул­тур­ни вред­но­сти го изра­зу­ва­ат, или тре­ба да го изра­зу­ва­ат, сво­е­то не­за­до­волс­тво од об­ја­ва­та на ка­ри­ка­ту­ри на про­ро­кот Му­ха­мед со кур­шу­ми, но и Фран­цу­зи­те и си­те што жи­ве­ат со мус­ли­ма­ни, вклу­чу­вај­ќи ги и Ма­ке­дон­ци­те, мо­ра да сфа­тат де­ка се­кој ја одра­зу­ва сво­ја­та кул­тур­на вред­ност на свој на­чин. Ка­ко што и мус­ли­ма­ни­те мо­ра да ги при­фа­тат за­пад­ни­те, хри­сти­јан­ски­те или бал­кан­ски­те кул­тур­ни вред­но­сти.

Се­га, ко­га чле­но­ви­те на ре­дак­ци­ја­та на „Шар­ли еб­до“ се мр­тви, е бес­пред­мет­но да се раз­го­ва­ра за нив­ни­те ка­ри­ка­ту­ри, кои за авто­рот на овој текст (ве­ро­јат­но по­ра­ди не­го­ви­те лич­ни кул­тур­ни вред­но­сти) беа крај­но на­вред­ли­ви и не­раз­бир­ли­ви, но, се­пак, мо­ра да се ка­же де­ка ако по нив­на­та смрт не се поч­не де­ба­та и за кул­тур­ни­те вред­но­сти што ги про­мо­ви­раа, нив­но­то за­ми­ну­ва­ње од овој свет ќе би­де од по­мош са­мо за дел од европ­ски­те по­ли­ти­ча­ри, а не и за обич­ни­от Евро­пе­ец.

 

Не­кои исто­ри­ски при­ја­те­ли ѝ се си­тат на Фран­ци­ја

Во овој исто­ри­ски миг ко­га пра­ктич­но поч­на вто­ра­та фа­за од „су­ди­рот на ци­ви­ли­за­ци­и­те“, во ко­ја, и по­крај јав­ни­те за­лож­би, дра­ма­тич­но се прод­ла­бо­чу­ва ја­зот ме­ѓу мул­ти­кул­тур­на и хри­сти­јан­ска Евро­па, се­пак мо­ра да се спом­нат двој­ни­те стан­дар­ди кои не ги ко­ри­сте­ше са­мо Фран­ци­ја во слич­ни слу­чаи во све­тот. Две­те бал­кан­ски зем­ји Ср­би­ја и Ма­ке­до­ни­ја, чии ли­де­ри не беа дел од по­вор­ка­та на по­ли­ти­ча­ри (за ко­ја по­доц­на се откри де­ка би­ла сто­ти­ци ме­три од­да­ле­че­на од оста­на­ти­те де­мон­стран­ти), се нај­до­бар при­мер ка­ко на раз­лич­ни­те ар­ши­ни гле­да дел од све­тот и од Евро­па во овие тра­гич­ни мо­мен­ти. Фран­ци­ја ка­ко дел од си­ли­те на НА­ТО ни­ко­гаш не се огра­ди или за­жа­ли за смрт­та на 16 но­ви­на­ри и те­ле­ви­зи­ски ра­бот­ни­ци што за­ги­наа во 1999 го­ди­на во бом­бар­ди­ра­ње­то на згра­да­та на Срп­ска­та те­ле­ви­зи­ја. Ка­ко што офи­ци­ја­лен Па­риз ни­ко­гаш не иска­жа со­чув­ство за смрт­та на пет­те не­ви­ни гра­ѓа­ни, од кои че­ти­ри беа де­ца, во ве­лиг­ден­ски­от ма­сакр. Не­ма офи­ци­ја­лен по­да­ток зо­што ни­кој од ма­ке­дон­ски­те и од срп­ски­те вла­сти не за­ми­на во Па­риз, но од ас­пект на обич­ни­от гра­ѓа­нин та­ква­та од­лу­ка е оправ­да­на за­тоа што ако са­ка­те да би­де­те раз­бран за ва­ши­те ма­ки, мо­ра­те да се по­тру­ди­те да ги раз­бе­ре­те и ту­ѓи­те пре­мре­жи­ња. Да­ли жр­тви­те на „Мон­струм“ би­ле ко­ла­те­рал­на ште­та на биз­нис-ин­те­ре­си, да­ли на­стра­даа ка­ко дел од за­ка­на­та на ис­ла­ми­стич­ки стру­кту­ри, да­ли тре­ба­ше да за­ги­нат за да би­дат рас­чи­сте­ни дол­го­ви од 2001 го­ди­на во­оп­што не е важ­но. Раз­би­ра­ње­то за фран­цу­ски­те ма­ки де­но­ви­ве, ба­рем во Ма­ке­до­ни­ја, ќе бе­ше мно­гу по­го­ле­мо до­кол­ку сво­е­вре­ме­но го­ле­ма­та Фран­ци­ја, ба­рем со те­ле­гра­ма, со­чув­ству­ва­ше со бол­ка­та на Ма­ке­дон­ци­те по ма­са­крот кај Смил­ков­ско Езе­ро. Не­прав­да­та со име­то и отво­ре­на­та под­др­шка на Сар­ко­зи на Гр­ци­ја, во си­ту­а­ци­ја ко­га има јас­на пре­су­да од Ме­ѓу­на­род­ни­от суд на прав­да­та што го ос­но­ва­ла Фран­ци­ја, е дру­га при­чи­на зо­што обич­ни­от Ма­ке­до­нец жа­ли за убис­тва­та во Фран­ци­ја, но во исто вре­ме и по­ста­ву­ва пра­ша­ња. А, Ма­ке­до­ни­ја е са­мо еден мал при­мер. Во Ни­ге­ри­ја беа уби­е­ни 2.000 лу­ѓе од Бо­ко Ха­рам еден ден пред про­те­сти­те во Фран­ци­ја, а тоа во­оп­што не бе­ше дел од ре­то­ри­ка­та на про­те­стот, што са­мо по се­бе го­во­ри кол­ку и Оланд и Фран­ци­ја, но и дру­ги­те европ­ски зем­ји, се свр­те­ни са­ми кон се­бе, ка­ко што се свр­те­ни кон исто­ри­ски­те кул­тур­ни вред­но­сти за кои мис­лат де­ка сè уште се до­ми­нант­ни. Пу­ка­ње­то во но­ви­на­ри по­ра­ди нив­ни­те гроз­ни ка­ри­ка­ту­ри не мо­же да би­де оправ­да­но, но мо­ра да би­де ста­ве­но на ва­га­та на ко­ја се ме­ри прав­да­та за­тоа што, иа­ко за тоа ни­кој не збо­ру­ва, бра­ќа­та Ку­а­чи не се оса­ме­ни на Бли­ски­от Исток и во сво­ја­та род­на зем­ја Фран­ци­ја во ста­вот де­ка на­вре­да­та кон Му­ха­мед е со­од­вет­но од­маз­де­на.

 

(Текст објавен во 124. број на неделникот Република, 16.01.2015)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top