| четврток, 6 декември 2018 |

Французин не знаел дека со себе носи 73 милиони евра

Секогаш е добро кога ќе најдете заборавени пари во паричник или во џеб, но да најдете заборавено лото ливче вредно 73 милиони евра, е тоа е веќе нешто.

На еден среќен Французин му се случило токму тоа. Имено, тој уплатил лото ливче за „Еуромилионс“ на 2 декември 2014 година, но го носел ливчето во паричник без да ги провери бројките цел месец.

Добитниците на премиите имаат по два месеци да дојдат и да ја потврдат добивката.

„Ова е приказна со среќен крај. Кога ќе помислам дека цел месец сум носел ливче вредно 73 милиони евра во паричникот“, рекол добитникот.

Кога конечно се појавил во лотарија, тие му рекле: „Те чекавме!“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top