| четврток, 6 декември 2018 |

Сега е време да се почне: Како да заштедите 1 500 евра до крајот на годинава без да забележите

Можеби сте слушнале за 52-неделниот предизвик. Станува збор за интересен начин на штедење пари низ годината без воопшто да забележите дека штедите. Започнувате со тргање настрана по 1 евро првата недела, 2 евра втората недела и така натаму.

До крајот на годината ќе заштедите приближно 1.500 евра. Сепак, на крајот на годината нема да имате пари за штедење со оглед на празниците и купувањето подароци, ќе треба да ставите 52 евра, но позитивната работа е тоа што ќе ја имате на располагање целата заштеда до изминатата година.

Постои уште едно решение што би можело да ви заштеди идентична сума на пари. Предизвикот од 365 дена. Во понеделник ставате 1 евро, во вторник 2 евра, до 7 евра во недела. Потоа, наредната недела повторно почнувате – понеделник 1 евро, вторник 2 евра, среда 3 евра итн.

На овој начин ќезаштедите 28 евра во неделата или 1.456 евра до крајот на годината, и ова штедење е многу подоследно.

(извор – Факултети.мк)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top