Иако според некои теории поголема е веројатноста да ве удри метеор отколку да ја добиете главната премија на лото, има луѓе кои редовно пополнуваат лото ливчиња.
Според добитните талони и колку пати броевите биле извлекувани, едни броеви во овие комбинации се „посреќи“ од некои другите. Во ова истражување биле вклучени 15 меѓународни лотарии од Британија, САД, Ирска како и познатото Евро милион.
Утврдено било дека најсреќен е бројот 16 кој бил извечечен дури 191 пат, по него е бројот 22, а трет најсреќен е 28. По него доаѓаат броевите 37, 6 и 3.
„Најмалку среќни“ пак се броевите 36, 32, 41, 40, а малер е бројот 18 кој е извлечен најмалку пати, пренесува Дејли Мејл.
Поголемиот број од лотариите имаат избор на броеви од 1 до 50, а исклучок е Германија која ја има вклучено и нулата, додека пак Италијаните бираат од 90 броеви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.