Не само луѓето, туку и некои градовите имаат прекари. Знаеме дека Њујорк е „Големото јаболко“, а Париз често е нарекуван „Градот на љубовта“.
Погледнете ги прекарите на уште неколку познати градови во светот:
Малиот Париз – Букурешт
Главниот град на Романија некогаш беше наречен Малиот Париз, најверојатно поради елегантната архитектура. Градот е многу помал од вистинскиот Париз и според доста посетители, споредбата е пресилна, но романците се гордеат со него.
Калливиот Јорк – Торонто
Канадскиот град има многу прекари, но ова е најстариот. Тој датира од времето пред да бидат асфалтирани улиците, кога дождот често ги претворал во реки од кал. Се разбира, денес тоа не се случува.
Светската престолнина на мирот – Женева
Швајцарија е позната по својата воена неутралност. Тука имаат бази и главните централи на над 200 светски организации, вклучувајќи го и Црвениот крст.
Градот на лавовите – Сингапур
Ова не е само прекар, туку точен превод на името на градот. Низ целиот град има статуи на кралот на џунглата. Научниците велат дека тука никогаш не живееле лавови.
Мајката на светот – Каиро
Со население од 7 милиони, Каиро е меѓу најголемите градови во Африка. Основан е во 969 година и е еден од најстарите градови во светот, од каде доаѓа и прекарот.
Светската престолнина на модата – Милано
Градот има население од само 1.3 милиони луѓе. Градот е преполн со бутици на Армани, Версаче, Прада, Долче и Габана и др. Редовно се одржуваат настани поврзани со модата.
Париз на Латинска Америка – Буенос Ајрес
Во градот има најголема концентрација на театри во светот и затоа го нарекуваат Париз. Исто така е познат по својата убава архитектура.
Градот на стоте кули – Прага
Кај некои од градовите во оваа листа прекарите се малку претерани , но кај Прага е обратно. Чешката престолнина има извонредна архитектура, а во неа има не 100, туку илјадници кули.
Пристанишниот град – Сиднеј
Порт Џексон е едно од најголемите природни пристаништа во светот и тука се наоѓаат голем број атракции. Многу градови имаат големи пристаништа, но кога ќе се каже пристанишниот град, тогаш се мисли на Сиднеј.
Градот на челикот – Питсбург
Со население од малку над 300 000 луѓе, тука има 300 компании, чии бизнис е поврзан со производството на челик. Освен тоа има 450 мостови.
Градот на тигрите – Осло
Не, во главниот град на Норвешка не живеат тигри. Во 1870 година, сепак, почнува да се користи овој прекар, кој алудира на тоа колку е опасен градот. Опасноста доаѓа од екстремно ниски температури .
Забранетиот град – Пекинг
Првично така се нарекувал дворецот на царот, но подоцна прекарот почнува да се користи за целиот град.
Градот на Гауди – Барселона
Вториот најголем град во Шпанија се гордее со архитектонските дела на Гауди, како катедралата Саграда Фамилија.
Бисер на Јадранот – Дубровник
Дубровник е вклучен во списокот на светското културно наследство на УНЕСКО во 1979 година и е една од најпосетените туристички дестинации на Медитеранот.
Градот на 72 нации – Техеран
Тука живеат околу 8,5 милиони луѓе и тоа е најголемиот град во Иран и Западна Азија. Го нарекуваат така поради огромниот наплив на имигранти.
Главниот град на Алпите – Гренобл
Поради блискоста со планините градот е наречен така во 1968 година, кога во него се одржуваа Зимските олимписки игри. Има населението малку над 150 000 луѓе.
Вечниот град – Рим
Ова е можеби најстариот прекар во рангирањето. Во антички времиња Римјаните велеле дека без разлика што ќе се случи со градот во иднината, колку империи ќе бидат создадени и ќе паднат, нивниот град ќе биде вечен. Го нарекуваат уште и градот на 7-те рида.
Бисерот на Дунав – Будимпешта
Дунав го дели главниот град на Унгарија на два дела, Будим и Пешта. Градот е еден од најубавите по патот на Дунав и во туристичките брошури често го нарекуваат така.
Градот на кралевите – Лима
Денес тоа е само прекар, на кој локалните жители сакаат да се потсетуваат, но некогаш, при основањето на градот во текот на 1535 година, тоа било неговото официјално име, дадено од шпанскииот освојувач Франциско Пизаро .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.






















