| четврток, 6 декември 2018 |

Нови опасни дроги во Македонија

droga

Над десет нови синтетички дроги и психоактивни супстанции кои зависниците најчесто ги набавуваа преку интернет од лани се на листата на забранети супстанции во земјава. Kорисниците на дроги во Македонија сега имаат проблем да ја набават озлогласената „сол за капење“ откако македонската полиција првпат ја заплени оваа дрога. Станува збор за синтетичка верзија на кокаинот, но поевтина и подостапна од оригиналот, која стана особено позната по неколку случаи на канибализам во светот кои беа поврзувани со нејзиното дејство, пишува „Дневник“.

Весникот објави дека полицијата лани направи сефте и со заплена на супстанцијата 25И-НБОМе позната кај зависниците како „Н-бомба“, односно дрога што предизвикува халуциногени ефекти и се продава како легална замена за ЛСД.

-На листата забранети дроги кои полицијата се уште не ги запленила во земјава, се супстанцијата АХ-7921 опијат сличен на морфиумот и метаксетаминот. Метаксетаминот е синтетизирана од кетаминот, кој е анестетик за коњи, а која беше особено популарна дрога летово на техножурките во Хрватска. Двете синтетички дроги се причина за над педесетина смртоносни предозирања во Европа во изминативе години, објави „Дневник“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top