| четврток, 6 декември 2018 |

Али Ахмети повреден во сообраќајка, автомобилот влетал во патарината

фото: журнал.мк

фото: журнал.мк

Лидерот на ДУИ Али Ахмети доживеа сообраќајна несреќа кај патарината кај Гостивар, патувајќи од Кичево кон Скопје, објави порталот на албански јазик Журнал.

Според порталот, Ахмети е полесно повреден додека возачот доживеал потешки повреди.

Автомобилот со кој патувал Ахмети се удрил во бетонскиот столб на патарината, а порталот првично наведува дека причина за сообраќајката била намалената видливост заради маглата.

Ахмети патувал кон Скопје на средба со спикерот во албанскиот Парламент, Илир Мета.

Во меѓувреме пратеникот од ДУИ Артан Груби преку социјалните мрежи објави дека повредените се згрижени во тетовската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top