Непријатна вест од таборот на нашата ракометна репрезентација. Средниот бек Немања Прибак добил труење со храна, објави спортскиот портал Екипа. Информацијата за спортскиот портал ја потврдил и директорот Никола Панчевски.
-Засега се работи само за изолиран случај, останатите ракометари не се жалат на такви тегоби. Немања Прибак се наоѓа во влошена здравствена состојба, првично му била укажана помош и примал инфузија. Состојбата постепено му се подобрува, но се уште е неизвесно дали ќе може воопшто да настапи на утрешниот важен натпревар против Хрватска – пишува Екипа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.