Немања Прибак е разочаран од вечерашниот резултат од мечот против Полска на ЕП во Краков.
– Заслуживме бод, но според мене и два. Моравме да ја искористиме оваа шанса и да успееме да стигнеме до триумф. Имавме пад во второто полувреме околу 45 минута и не можевме брзо да се вратиме во игра. Ова беше голема шанса, но не успеавме. Денеска дефинитивно имавме игра, но немавме среќа. Сепак, имаме на што да се надеваме. Србија е нешто поодморена, а ние сме паднати психолошки но имаме ден за одмор, па сè е можно во вторник, изјави Прибак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.