Над 120 деца се хоспитализирани откако им се појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи на учлииште, соопштија романските власти.
Директорката на училиштето во градот Дофтеана на исток во државата, Ана Ирима изјави дека учениците јаделе сендвичи подготвени од компанија што ги снабдува со ужина.
Портпарол на здравствените власти изјави дека се работи за деца на возраст од 10 до 14 години.
Во исто време, во романскиот град Јаши покрената е истрага откако 134 луѓе завршиле во болница по конзумирање брза храна која како што потврдија анализи, била заразена со салмонела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.