Од Клиниката за инфективни болести информираат дека кај нив нема хоспитализирани лица од вчерашното труење со храна во гостилница „ДМ“ во Скопје. Лекарска помош, вчера побарале пет лица со полесни симптоми на труење, кои биле амбулантски прегледани и пуштени дома, информираат од Министерство за здравство.
Исто така, дома се пуштени и четворица од хоспитализираните, кои пред неколку дена беа задржани на болничко лекување со симптоми на труење од сендвичарата „Седмица“ во Карпош.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.