Македонија игра сигурно, презентира моќ и стабилност на мундијалот во Катар, а денеска избраниците на Ивица Обрван ја победија Босна и Херцеговина со 25-22.
Водевме и по првиот дел со 13-11, а предноста во тежок и цврст меч ја задржавме до крајот, за мошне важна победа, трета во низа и делба на првата позиција на табелата во Б групата. Со нас со по 6 бода е и Хрватска, селекција што денеска го декласира Иран со 41-22.

Борко Ристовски на голот на Македонија повторно бранеше одлично и собра 12 одбрани, а блескаше Дејан Манасков.
Крилото на Металург со 6 гола беше најефикасен и повторно по вторпат ја доби наградата за најдобар ракометар на мечот. Кирил Лазаров, Наумче Мојсовски и Немања Прибак постигнаа по 3 погодоци. Кај БиХ голманот Буриќ беше светла точка во составот со 17 одбрани.
Утре за Македонија е слободен ден, а задутре од 17 часот играме против Хрватска во дербиот за првото место во Б групата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


