Владо Недановски во последен момент се најде на конечниот список на селекторот Ивица Обрван за пат во Катар, а со играта против Иран комплетно ги оправда очекувањата.
Крилниот ракометар упати 4 удари кон голот и сите завршија во мрежата на азискиот преставник на СП. Сега не очекуваат три дуели со европски репрезентации, а одисејата против ривалите од стариот континент ја почнуваме денеска од 17 часот против Босна и Херцеговина.
„Ова е клучен меч за нас и очекувам да бидеме на посакуваното ниво за да ги израдуваме навивачите што допатуваа да не бодрат во Катар, но и сите симпатизери на ракометот во Македонија. Триумф во денешниот меч ќе ни значи многу за посигурен чекор кон осминафиналето“, вели Недановски.
Против БиХ нашите ракометари ќе атакуваат на трета победа, што ни гарантира пласман во нокаут фазата и ни обезбедува подобра позиција при вкрстувањето со еден од ривалите во А групата. По дуелот со БиХ, ќе играме и против Хрватска и Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.