Супер коло имаа фаворитите во шпанското фудбалско првенство, со 6 победи на водечките екипи. Започна со триумфот на Валенсија од 3-2 против Алмерија, а се нижеа успеси на Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Севилја и Вилјареал.
Реал остана на лидерската позиција по триумфот од 3-0 против градскиот ривал Хетафе. Барселона држи чекор со лутиот ривал по победата од 4-0 со Депортиво Ла Коруња, а без примен гол и Севилја ја совлада Малага со 2-0, потоа и Вилјареал и Атлетико Мадрид кои со идентични 2-0 ги надиграа Атлетик Билбао, односно Гранада.
Реал Мадрид е лидер со 45 бода, пред Барселона со 44, Атлетико Мадрид со 41, Севилја со 39, Валенсија со 38, Вилјареал со 35, итн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Трагична вест од Шпанија: Ракометари на Гранољерс загинаа во сообраќајна несреќа
-
Од 100 до 750 евра казна за оваа лудост: Погледнете што прават туристите во Шпанија
-
Брод со 48 туристи се запали во Шпанија (ФОТО)
-
„Нон пејпер“ од Шпанија: Стоп за влегувањето на Косово во ЕУ, тие не се дел од проширувањето



