| четврток, 6 декември 2018 |

Борко Ристовски: Се подготвуваме за победа, но мора да играме подобро

По извонредниот настап против Тунис во второто коло нашиот состав се мачеше да стигне до победа во соочувањето со Иран. Игравме под своите можности и потрошивме повеќе енергија од планираното да стигнеме до вториот триумф на шампионатот.

-Влеговме многу не сериозно во дуелот со Иран, почнавме со втора постава и сметам дека Македонија не може да влезе со таков пристап на еден натпревар на Светското првенство. Почнавме со еден изменет состав очекувајќи дека ќе оди лесно. Со години наназад играме заедно и треба да знаеме дека Македонија без тие седум-осум играчи не е тоа иста репрезентација, без потценување на останатите мислам дека е малку не сериозно. Сметам дека ја научивме лекцијата, извлековме поука. тоа што го видовме на натпреварот со Иран не треба да биде мерило за нашите квалитети. Сега треба мирно се подготвуваме за Босна и Херцеговина и да се обидеме да забележиме победа, рече голманот Борко Ристовски.

По двете победи веќе утре не очекува ново искушение и дуелот со Босна и Херцеговина, која по две кола има половичен учинок на првенството. Победа над Иран и пораз во соочувањето со Австрија.

-Босна и Херцеговина е доста квалитетна репрезентација . Тоа не го покажаа на натпреварот со Иран, но затоа против Австрија одиграа далеку подобро, но мислам дека неискуството ги оддалечи од победата и сметам дека ќе ни биде многу тешко да забележиме победа. Тоа е многу сериозен состав со многу интернационалци и сигурно дека нема така лесно да се предадат, продолжи Ристовски.

Босна и Херцеговина е незгоден противник, можеби нема некоја голема ѕвезда, но тоа е тим кој во последно време игра добро и постигнува изненадувачки резултати. Сепак иако се очекуваше дека против Австрија ќе стигнат до победа сепак на крајот останаа без бодови.

-Неискуството си го прави своето и јасно е дека тешко ќе се кренат по поразот од Австрија, но ако знаеме дека токму нашиот меч им е пресвртница за тоа како ќе го продолжат првенството тоа може за нив да биде дополнителен мотив и да дадат се од себе за да победат на овој натпревар.  Се надеваме, се подготвуваме за победа, но пак ќе кажам мораме да играме многу подобро отколку со Иран и полека да почнеме да ја креваме формата, која ни е потребна за да стигнеме до четвртфиналето и пласманот во квалификациите за Олимписките игри, заврши Ристовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top