| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Иван Трпков за Пелистер

Пелистер

Самостојна изложба на фотографија, под наслов „Пелистер: флора, фауна, бескрајна убавина“, на фотографот Иван Трпков ќе се одржи в петок во Битола.

Организатор на изложбата е Националниот парк – Пелистер, а местото на одржување е во Инфоцентарот на Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Иван Трпков со фотографија се занимава повеќе години и неговиот објектив е најчесто насочен кон планините, но, исто така, и другите природни убавини на нашата земја и регионот – езера, мориња, реки, архитектура, градови, манастири, животни, растенија итн.

Во неговите фотографии се овековечуваат убавините на Пелистер, Кајмакчалан, Бистра, Јабланица, Јакупица, Шар Планина, Кораб, исто така, и Битола, Охрид, Преспа, Скопје, Мариово, Пелагонија, Матка итн.

Оваа негова втора самостојна изложба има цел ги презентира флората и фауната на националниот парк, како и повеќе пејзажи од зима и други временски периоди направени на нашиот планински убавец – Пелистер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top